Мешков Брест со нов победа завери Ф4 во СЕХА

Екипата на Мешков Брест е вториот полуфиналист од СЕХА лигата. Шампионот на Белорусија успеа со уште една победа против Мотор Запорожје да го потврди пласманот на завршниот турнир, кој после сите случувања е доведен во прашање и неговото одржување е во неизвесност.

Денеска Мешков славеше со 33:28 што беше повисока победа од првиот дуел кога Белорусите славеа дома со 30:28. На моменти разликата се искачуваше и до седум или осум гола така што немаше проблеми да се контролира водството.

Составот на Мотор Запорожје не можеше да следи, па освен што во неколку моменти намалуваше и се доближуваше друго и не успеа да направи. На тој начин само беше олеснета задачата на Мешков Брест, па овој состав лесно дојде до втора победа и нов пласман на завршниот турнир каде од вчера се наоѓа ППД Загреб, а се очекуваат и Веспрем и Вардар.

Најефикасен во победничкиот состав беше Никита Вајлупов со осум гола, а еден погодок помалку имаше Вилијам Акамбре. Голманот Пешиќ собра 14 интервенции. Кај домашните Комок имаше десет одбрани, а со седум погодоци најефикасен беше Барис Пухоуски.