Мешков Брест не знае против Веспрем, повторно загуби на дуел од СЕХА лигата

Екипата на Веспрем дојде до уште една победа против составот на Мешков Брест од 28:24 и си обезбеди финале на 9. фајнл-фор во СЕХА лигата. Веспрем со ова се избори нова победа против Мешков во ова натпреварување така што доминацијата продолжува и составот на Мешков Брест останува далеку зад шампионот на Унгарија.

Од почетокот на средбата се влезе во тесен резултат и имаше резултатска тензија. Ниту еден тим не успеа да се одвои. Имаше моменти во кои се грешеше и на двете страни, но тренерите се обидуваа да ја пронајдат играта која ќе им даде резултат.

Играта во која и двете екипи се обидуваа да ја добијат онаа топка повеќе што ќе им даде резултат за посигурно продолжение. Сепак, играта и на двете екипи во првиот дел беше внимателна и ниту еден тим не „нагази“ посилно на топката.

Таквиот ритам носеше само нијанси. Во прашање беше еден подобар потег, а во таквата игра тимот на Мешков Брест беше чекор понапред и дојде до предност од 13:12 на полувремето.

Како што почна да одминува времето во второто полувреме така стана јасно дека разликата во квалитет е очигледна и дека Веспрем и сезонава е во предност во однос на Мешков Брест. Неколку минути беа доволни за да се направи разлика која ќе даде мирна завршница.

Име на Галерија

Како што вчера најави 24Ракомет, натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања нема да се игра според првичниот план на 20 октомври. Европската ракометна федерација официјално го одложи натпреварот од првото коло на групата Ц на Лига Европа помеѓу македонскиот и унгарскиот тим.

Во 43. минута веќе беа обезбедени плус три, 19:16, а потоа како почна да се доближува финишот разликата и да расте. Кога во 52. минута се стигна до 25:20 веќе беше јасно кој победува на овој дуел. Прашање беше разликата со оглед на тоа што ракометарите на шампионот на Белорусија немаа идеја во нападот и многу потешкосе снаоѓаа во второто полувреме. Ова ги отвори вратите за четврто финале за Веспрем во СЕХА лигата и атак на третата круна.

Гашпер Маргуч со шест гола и Андреас Нилсон и Петар Ненадиќ со по пет беа најефикасни во Веспрем. Дејан Манасков реализираше трипати. Во тимот на Мешков Брест шест гола имаше Шкиурински, а Паниќ пет.