Мешков Брест не го надигра Мотор, ќе биде возбудливо во Запорожје

Екипите на Мешков Брест и Мотор Запорожје го отворија четврт-финалето во СЕХА-лигата, а победата им припадна на домаќините од Белорусија кои ќе имаат само два гола предност за реваншот во Украина откако славеа со 30:28.

Победата од само два разлика најавува интересен натпревар во Запорожје каде што тимот на Мотор ќе се обиде да надомести и да се пласира на завршниот турнир во Задар.

Ракометарите на Мешков Брест не успеаја да направат поголема предност откако наидоа на цврст ривал кој во секој момент од натпреварот знаеше што сака и успешно парираше. Домашните постојано беа во предност, но не можеа да дојдат до нешто повеќе. Истата се движеше од гол до два така што беше навистина тешко да се дојде до поголем триумф.

Најголемата разлика дојде во 43. минута кога Мешков водеше со 23:20, но гостите брзо се вратија и до крајот беше постојано гол до два, разлика со која и заврши средбата со конечни 30:28.

Голманите на Мешков собраа 12 интервенции заедно, а од нив Пешиќ имаше пет, додека Мацкевич заврши со седум. Најефикасен кај домашните беше Шкурински со шест гола, а гол помалку имаше Вајлупов. Во Мотор Запорожје шест гола имаше Ганчев, додека по четирипати прецизни беа Бабичев, Маласинскас и Денисов. Голманот Генадиј Комок ја заврши средбата со 11 одбрани.

Реваншот ќе биде одигран на 12 март во Запорожје и тогаш ќе се види кој од овие два тима ќе се пласира на Ф4 турнирот во Задар.