Мешков Брест може да остане без титула, загуби кај СКА Минск!

Во првенството на Белорусија во рамки на 24. коло СКА Минск беше домаќин на Мешков Брест во дербито и славеше убедлива победа со пресврт во вториот дел од  37:30.

Гостинскиот тим имаше подобро издание во првото полувреме и после 30. минути игра на одмор замина со водство од 16:19. Но во вториот дел СКА Минск одигра одлично и направи целосен пресврт и на крај стигна до убедлив триумф.

Најефикасни во победничкииот тим беа Пуховски и Алехин со по седум гола. Во составот на Мешков Брест прв стрелец беше Ваилупов со осум погодоци, додека Скубе постигна пет гола.

Со оваа победа СКА Минск се израмни со Мешков Брест на врвот на табелата со по 41. бод. Следниот меѓусебен дуел помеѓу овие два ривали кој се игра на 20. мај ќе биде решавачки за новиот шампион на Белорусија.