Мец по вторпат подобар од Ѓер, нов пораз за Бабиќ и Подравка во ЛЕ

Денес со четири одиграни натпревари беше комплетирано 12. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

На победа се израдуваа екипите на ЧСМ Букурешт, Брест Бретањ, Крим, Вајперс Кристијансад, Будуќност, Мец, Рапид Букурешт и Есбјерг.

Екипата на Мец по вторпат успеа да го совлада Ѓер, овој пат на домашен терен со 28:27. Првиот меѓусебен дуел меѓу двете екипи сезонава заврши со победа на францускиот тим од четири гола разлика, 28:24.

Мец со новата победа дојде до 21 бод на свое конто и моментално се наоѓа на првата позиција во групата А. Ланскиот учесник на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите има три бода повеќе од Ѓер, Есбјерг и Рапид Букурешт, кои моментално имаат 18 бода.

Црногорскиот шампион Будуќност ја оствари петтата победа во Лигата на шампионите, откако пред своите навивачи целосно ја надигра Локомотива Загреб со седум гола разлика, 25:18 (16:8).

Избраничките на Бојана Поповиќ победата ја обезбедија уште во првото полувреме, додека вториот дел беше само формалност и шанса за останатите ракометарки од клупата на двата тимови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 12. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БИТИНГХАЈМ – ЧСМ БУКУРЕШТ 25:27 (12:15)

БРЕСТ БРЕТАЊ – ФТЦ 24:21 (14:10)

КРИМ – БАЊИК МОСТ 42:31 (24:11)

ОДЕНСЕ – ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД 24:34 (13:15)

ГРУПА Б 

БУДУЌНОСТ – ЛОК. ЗАГРЕБ 25:18 (16:8)

МЕЦ – ЃЕР 29:28 (13:13)

РАПИД БУКУРЕШТ – КАСТАМОНУ 28:22 (15:13)

СТОРХАМАР – ЕСБЈЕРГ 25:34 (11:19)

Освен натпреварите од Лигата на шампионите, денес беа активни настапите и од Лига на Европа.

Во третото коло од групната фаза од Лига на Европа, хрватскиот вицепрвак Подравка, која е предводена од екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, беше поразена од Никобинг со 28:23. Хрватскиот вицепрвак претходно беше поразен од Сола и Дебрецен.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 3. КОЛО

ГРУПА А

БЕЗАНСОН – ДОРТМУНД 27:30 (12:16)

ШИОФОК – МОЛДЕ 30:22 (13:12)

ГРУПА Б

ФАНА – НАНТ 30:28 (13:17)

МОШОНМАЃАРОВАР – ИКАСТ 26:34 (13:15)

ГРУПА Ц

НИКОБИНГ – ПОДРАВКА 28:23 (12:10)

СОЛА – ДЕБРЕЦЕН 30:25 (19:13)

ГРУПА Д

ВАЦ – ПАРИЗ 27:26 (13:11)

ТУРИНГЕР – ВАЛЧЕА 38:31 (19:16)