Металург стопи три гола од негатива, има плус три на одмор против Горење

Ракометарите на Металург водат со 13:10 на одмор против екипата на Горење откако одиграа добро прво полувреме. Имаа игра во која на периоди беа добри, но и на периоди со многу грешки во кои ја губеа предноста која ја стекнаа многу рано.

Мечот го отворија с0 3:0 откако одиграа добро во одбрана, а Поповиќ, Танкоски и Лазаревски реализираа. Сепак, овие три гола не можеа да ги зголемат бидејќи гостите успеваа да се одржат во резултатска игра и да намалуваат. Постојано беше гол до два за Металург, а доброто во целата ситуација беше тоа што не беше дозволено да дојде до израмнување.

На моменти се враќаше предноста од три гола, но постојано гостите намалуваа на гол или два. Сепак, во после 11:10 работите дојдоа одново во позитивен правец за Металург и одново беа обезбедени плус три. На 13:10, Серафимов пресече топка и овозможи последните 33 секунди во првиот дел да бидат за Металург. После тајм-аутот беше изработена акција во која Додиќ завршуваше, но Пањтар одбрани. Останаа пет секунди, но и Ѓорѓески врати со интервенција, па на одмор остана резултатот 13:10.

Во првиоте дел Поповиќ постигна три гола, по два имаат Танкоски, Мариќ, Лазаревски и Чантурија, додека по еден гол постигнаа Јагуриновски и Арсеновски. Кај гостите од Словенија Вердинек е убедливо најдобар со шест погодоци.