Металург со убедлива победа ја финишираше сезоната

Екипата на Металург во последното коло од Женската лига славеше победа над Спартак со 42:32 и ќе го чека резултатот од натпреварот помеѓу Ѓорче Петров и Вардар за конечниот распоред на табелата.

Со оваа победа Металург се искачи на второто место, но доколку вардарки триумфираат  против Ѓорче Петров тогаш составот на Металург сезоната ја завршува како третопласиран во Супер лигата.

Ракометарките на Металург немаа никакви проблеми и во текот на целиот натпревар беа во предност. Преку Тасевска и Божиновска, избраничките на Јулијана Дамчевска по неколку минути игра имаа водство од 3:1. Спартак не издржа во налетот на ракометарките од Автокоманда и веќе по петнаесетина минути игра имаше негатива од 6:10.

Металург во последните десет минути од првиот дел имаше контрола на резултатот и на пауза замина со предност од 18:14.

Во второто полувреме разликата постепено растеше за ракометарките на Металург. Во текот на 45. минута, Металург имаше солидни 30:23 и до крајот рутински ја одработи својата задача и со победа од 42:32 ја заврши оваа сезона.

Најефикасна во Металург беше Ива Божиновска со десет гола, а во составот на Спартак, Јана Ѓошевска исто така погоди десетпати во противничката мрежа.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207