Металург со рутинска победа против Астибо

Ракометарките на Металург без проблеми остварија нова победа во 7. коло од Женската лига откако беа убедливо подобри на гостувањето кај Астибо каде што славеа победа со 19:32.

Фаворитот уште од самиот старт на дуелот ја најави победата, после почетните 2:5 имаше водство од 5:9 и полека ја зголемуваше предноста. До крајот на првите 30 минути Металург веќе имаше убедливо водство од 9:16.

И во продолжението од дуелот ракометарките на Металург играа лесно и рутински ја одржуваа предноста. До крај на натпреварот ја потврдија разликата во квалитет и запишаа нови бодови.

Предводнички во победата на Металруг беа Ивана Арсениевска и Ива Божиновска со по пет погодоци, Милица Николиќ и Мила Трајковиќ погодија по четири пати. Вo тимот на Астибо, Драгана Стојанова се истакна со девет погодоци.