Металург РА како брз воз низ Велес, Петковски ја наполни мрежата на Борец

Екипата на Металург РА на гостувањето во Велес кај Борец немаше никакви проблеми да запише убедлива победа, со резултат 21:35, во натпревар од 3. коло од плеј-аут групата во Првата машка лига.

Ракометарите на Игор Тодоровски со поискусниот противник од Автокоманда се надигруваа само во воведниот дел од натпреварот. Од 10. минута, па сѐ до крајот на првото полувреме, гостинскиот состав на Металург РА од минута во минута го зголемуваше своето водство, кое по петнаесетина минути игра беше плус осум гола разлика, 12:4.

Домаќините во последниот период од првото полувреме кренаа раце од средбата и немаа никакви шанси против расположениот тим на Игор Котевски. Петковски заедно со Фидановски, Наумовски и Прцуловски на Металург РА му донесоа водство од 20:9 на полувреме.

Второто полувреме беше лесена задача за гостинскиот состав. Ракометарите на Борец одвреме-навреме постигнуваа погодоци, но во 45. минута заостануваа на сериозна резултатска негатива од минус 17, 12:29. Во последниот период од натпреварот немаше поголема промена на резултатот.

Победничката екипа беше предводена од Александар Петковски со девет постигнати погодоци. Во Борец се истакнаа Димитар Минов со шест и Лазар Стојанов со пет погодоци.