Металург остана без кондиционен тренер: Марко Шешум си замина од Автокоманда

Тимот на Металург во паузата до пролетната полусезона, освен тоа што ќе мора да се активира на трансфер пазарот за играчи, ќе мора да бара и нов кондиционен тренер.

Марко Шешум, брат на прославениот ракометар Жарко Шешум, си замина од Металург по само една полусезона мината во Автокоманда.

Тој дојде со српскиот стратег Дамир Стојановиќ пред стартот на новата сезона, но по заминувањето на Стојановиќ од Металург, Шешум остана во тимот.

Сепак издржа само уште два месеци, по што и тој го напушти Скопје.

По елиминацијата од европска сцена, на Металург му останаа обврските во домашните натпреварувања, Суперлигата и Купот на Македонија.