Металург не виде мака против Пелистер, победи со 25 разлика

Четвртопласираната екипа на Металург во плеј-офот од Женската Суперлига немаше никакви проблеми и на домашен терен ја оправда фаворитската улога против Пелистер со висока победа победа од 41:16. Со овој триумф Металург го прескокна Вардар (25) и се изедначи со Ѓорче Петров на втората позиција со по 27 бода. Ѓорче Петров и Вардар во ова коло ќе се сретнат во меѓусебен дуел во понеделник.

Од самиот почетокот на натпреварот немаше неивесност, веднаш беше најавено во каква насока ќе оди овој дуел и кој ќе стигне до бодовите. Домшните ракометарки го отворија натпреварот со серија од 4:0. И во следните минути предноста на Металург само растеше, па така уште на паузата стигнаа до двоцифрена разлика (19:9). Посебно ефикасна во првиот дел беше Мила Трајковиќ која постигна седум гола.

Со оглед на тоа дека победникот веќе беше решен, во вториот дел остануваше да се види само со каква разлика ќе слави домашната екипа. Од минута во минута предноста беше се поголема за на крајот да фаворитот да оствари триумф од 25 голови разлика.

Најефикасна на натпреварот беше Мила Трајковиќ која на седумте гола од првото полувреме додаде уште три во вториот дел, додека по шест постигнаа Ива Божиновска и Ива Младеновска. На спротивната страна Марија Јакуловска беше најрасположена со седум гола, додека Кристина Наумовска ја следеше со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124