Металург и Чиле одиграа без победник

Ракометарките на Металург во подготвителниот период одиграа тест натпревар против женската репрезентација на Чиле која е на подготовки во Македонија. Дуелот заврши без победник 29:29.

Екипите одиграа неизвесен и израмнет натпревар кој беше добредојден за воигрување пред следните предизвици за двата тима.

Репрезентацијата на Чиле ја продолжува турнејата во Македонија и ќе одигра уште неколку натпервари, а следен противник ќе им биде шампионот Куманово. Натпреварот се игра во недела.

Во четвртокот Куманово и Чиле го одиграа првиот меч кој го добија кумановки со 28:24, а исто така јужноамериканската селекција учествува на турнирот во Ѓорче Петров каде што играше со домаќинот и загуби 25:28.