Металург ги „запали моторите“, шестмина добија некој ден плус за одмор (ФОТО)

Составот на Металург ги почна подготовките за вториот дел од сезоната, а на првиот тренинг денеска недостигаа неколку ракометари.

Оправдано на собирот немаше дел од играчите кои се репрезентативци и тие дополнително ќе се приклучат откако ќе одморат некој ден.

На тренингот денеска ги немаше репрезентативците на Македонија, Мартин Серафимов и Милан Лазаревски, кои имаа тренинзи минатата недела и два натпревари со селекцијата на Чиле.

Доцнат и репрезентативците на Хрватска, Црна Гора, БиХ и Србија.

Златко Хорват е дел од селекцијата на Хрватска и тој е во комбинација за настап на Мундијалот во Египет, па најверојатно дури на почетокот на февруари ќе биде заедно со колегите и тогаш ќе им се придружи на работата на своите соиграчи од Металург.

Канкараш, Тарабокија и Додиќ ги завршија обврските со своите национални тимови, но тие добија некој ден за одмор така што деновиве ќе се стават на располагање на тренерот Оливер Димитриоски.

Металург прв тренинг во 2021 година

Металург ги почна подготовките за вториот дел од сезоната, а на првиот тренинг денеска недостигаа неколку ракометари. На тренингот денеска ги немаше репрезентативците на Македонија, Мартин Серафимов и Милан Лазаревски, кои имаа тренинзи минатата недела и два натпревари со селекцијата на Чиле. Доцнат и другите репрезентативци Златко Хорват (Хрватска), Бранко Канкараш (Црна Гора), Марко Тарабокија (БиХ) и Стефан Додиќ (Србија).  

Другите ракометари на кои се смета за пролетниот дел од полусезоната се на тренинг и почнуваат со подготовките за понапорниот дел од шампионатот.

Металург во пролетниот дел продолжува со настапите во Европската лига, а покрај тоа ќе има и мисија во Супер машката лига каде што се цели на едно од првите две места. Во конкуренција со Вардар и Еурофарм Пелистер, но и Охрид, Пролет, Бутел Скопје, Струга и Еурофарм Пелистер 2 ќе биде навистина возбудливо.