Металари и Николовски со нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за следните напреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп.

Македонската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе суди натпревар од женската ЛШ во Унгарија.

Станува збор за средбата меѓу Ѓер и Meц што се игра денеска со почеток во 16:00 часот. Покрај Николовски и Металари, активни ќе бидат уште три судиски двојки и двајца делегати.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот од 9 коло во ЛШ меѓу Будуќност и ЧСМ Букурешт во Подгорица, кој се игра денеска од 18:00 часот.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски се делегирани да ја делат правдата на дуелот од второто коло во ЛЕ меѓу Локомотива и Мошонмаѓаровар во Загреб, исто така денеска од 18:00 часот.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат мечот меѓу Валчеа и Вац во Романија од второто коло на ЛЕ што се игра на 16 јануари од 16:00 часот.

Камер Металари ќе биде делегат на натпреварот од второто коло во ЛЕ меѓу Заглебје и Нант што ќе се игра во Лубин на 16 јануари од 16:00 часот, додека Ацо Николовски ќе биде делегат на средбата од истото натпреварување меѓу Магура и Лада на 23 јануари од 12:00 часот.