Мерк остана кралица на стрелците на ЕП!

Селекцијата на Норвешка ја одбрани титулата на Европското првенство и повторно стигна до златото на континенталниот собир.

Избраничките на Торир Хергеирсон славеа против Данска со 27-25, а Нора Мерк имаше уште една причина плус за радост во Љубљана.

Таа ја одбрани титулата најдобар стрелец на Европското првенство, откако по ЕП 2020, стана кралица на стрелците и на ЕП 2022.

Мерк успеа да постигне 50 погодоци, два повеќе од Ѓурѓина Јауковиќ, и четири повеќе од нејзината колешка од националниот тим, Хени Рајстад, која даде 46.