Мелсунген на Парондо се засили со играч од Веспрем

Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, го претстави новото засилување за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Бундеслигашот ќе биде посилен со репрезентативецот на Унгарија, кружниот напаѓач Адријан Сипош. Двете страни се договорија на соработка, со важност до јуни, 2025 година.

Унгарецот во Мелсунген ќе пристигне од Веспрем, а во својата кариера го носеше дресот и на Татабања, Одорхеи и Бакау.

Моментално на позицијата пикер во Мелсунген настапуваат Глеб Калараш, Рожерио Мораес Фереира и Арнар Арнарсон.

Мелсунген за следната сезона ангажираше уште неколку засилувања, меѓу кои и поранешниот член на Вардар, Данис Кристопанс.