Медитеранските игри поместени една година, познати новите термини

На програмата на Медитеранските игри меѓу другите спортови е и ракометот, а Меѓународниот комитет на игрите ги одреди датумите за натпреварите кои се одложени.

Игрите требаше да се одржат од 25 јуни до 5 јули во 2021 година во Алжир, но тие се одложени за една година поради појавата на коронавирусот и одлагањето на другите натпреварувања.

Организаторите донесоа одлука Медитеранските игри да бидат презакажани точно за една година и ќе се одржат во истиот период од 25 јуни до 5 јули во 2022 година. Во соопштението организаторите објаснуваат дека одлуката е донесена по проценка на состојбата во светот заснована на принципите за заштита на здравјето на спортистите и сите останати учесници.

Натпреварувањето ќе биде одржано во период кога не се одржува ниту еден друг спортски настан што ќе донесе можност да настапат најдобрите спортисти од регионот, а исто така би требало да има и поголема заинтересираност за настанот.