МВП на 8. Коло од Супер машката лига – Мартин Димовски (Тиквеш)

Десниот бек, односно крило на Тиквеш, Мартин Димовски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8 коло од Супер машката лига.

Димовски освои околу 51% од гласовите, а второпласираниот Александар Долдуров собра околу 41% од гласовите.

Десниот бек на кавадарчани, кој најчесто игра на крилната позиција, со 11 погодоци го водеше неговиот тим до триумф над Еурофарм Пелистер 2.

Во трка за МВП беа уште и Халил Озтурк, Мартин Серафимов, Себастијан Хенеберг, Дејан Рикановиќ и Михаил Аларов.