МВП на 5. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Стефан Крстески (Јуниор КВ)

Десното крило на Јуниор Кисела Вода, Стефан Крстески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 5. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Крстески беше меѓу клучните ракометари во важниот триумф на тимот од Кисела Вода над незгодниот Прилеп

Тој освои околу 29% од гласовите, а второпласираниот Петар Бугариновиќ од Струга собра околу 19% од вашите гласови.

Во трка за МВП беа уште и Мартин Томовски, Дејан Манасков, Христијан Милошески, Зоран Ѓурковиќ и Мартин Серафимов.