МВП на 4. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Давид Даев (Голден Арт)

Кружниот напаѓач на Голден Арт, Давид Даев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Даев беше меѓу клучните ракометари во составот на Голден Арт во гостинскиот триумф кај незгодната Струга.

Тој освои околу 33% од гласовите, а второпласираниот Бојан Блажески собра околу 20% од вашите гласови.

Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Никола Бечејац, Дејан Манасков, Мириани Гавашелишвили и Игор Ѓоргиев.