МВП на 14. коло од Супер машката лига – Бојан Блажески (Бутел Скопје)

Голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 14 коло од Супер машката лига.

Блажески освои околу 35% од гласовите, а второпласираниот Владимир Бојаниќ собра околу 29% од гласовите.

Чуварот на мрежата на Бутел со 12 интервенции беше меѓу најзаслужните за триумфот над Алкалоид.

Во трка за МВП беа уште и Страхиња Симиќ, Ненад Костески, Филип Николов, Петар Атанасијевиќ и Филип Талески.