МВП на 12. Коло од Супер машката лига – Давор Шокоски (Прилеп)

Левиот бек на Прилеп, Давор Шокоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 12 коло од Супер машката лига.

Шокоски освои околу 64% од гласовите, а второпласираниот Данило Михајлевиќ собра околу 21%од гласовите.

Левиот бек на прилепчани беше меѓу најзаслужните со девет погодоци за триумфот над Вардар во Неготино.

Во трка за МВП беа уште и Дејан Манасков, Филип Николов, Мартин Ивановски, Мице Шилегов и Михаил Аларов.