МВП на 11. Коло од Супер машката лига – Никола Стоилевски (Еурофарм Пелистер)

Десното крило на Еурофарм Пелистер, Никола Стоилевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11 коло од Супер машката лига.

Стоилевски освои околу 43% од гласовите, а второпласираниот Никола Цветаноски собра околу 20% од гласовите.

Десното крило на Еурофарм Пелистер беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим на домашен терен против Радовиш.

Во трка за МВП беа уште и Томислав Јагуриновски, Стефан Крстевски, Петар Атанасијевиќ, Мартин Томовскки и Иван Тасески.