МВП на 10. Коло од Супер машката лига – Мице Шилегов (Голден Арт)

Десното крило на Голден Арт, Мице Шилегов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10 коло од Супер машката лига.

Шилегов освои околу 40% од гласовите, а второпласираниот Мартин Серафимов собра околу 18% од гласовите.

Десното крило на Голден Арт беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим на гостински терен кај Скопје.

Во трка за МВП беа уште и Петар Ангелов, Мирко Мајиќ, Денис Василев, Иван Џонов и Страхиња Симиќ.