МВП на 1. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Владан Кастратовиќ (Куманово)

Средниот бек на Куманово, Владан Кастратовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1 коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Кастратовиќ освои околу 69% од гласовите, а второпласираниот Жарко Барјактаревиќ собра околу 20% од гласовите.

Средниот бек на Куманово со десет погодоци беше лидерот на неговиот тим во гостинската победа над Јуниор КВ.

Во трка за МВП беа уште и Maрјан Велков, Јан Чувара, Петре Пеовски, Иван Џонов и Гал Цирар.