МВП на 1. коло во Супер машката лига: Петар Ангелов (Пролет)

Голманот на Пролет и поранешен македонски репрезентативец, Петар Ангелов е најкорисниот играч во 1. коло од новата сезона во Супер машката лига.

Искусниот чувар на мрежата одлично си ја заврши својата работа на натпреварот против Јуниор Кисела Вода и уште од стартот ги откажа ривалите од бркање сензација.

На теренот беше до средината на второто полувреме и успеа да собере 14 интервенции.

Ангелов заврши прв со 33% од гласовите. Зад него најблизу остана Никола Роглев со 27% од гласови. Потоа следуваа: Мите Караиванов (Астраион, 19%), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје, 7%), Златко Хорват (Металург, 6%), Филип Кривокапиќ (Охрид, 5%) и Бранко Канкараш (Металург, 3%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиот дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 14 кола.