Маџовски: Mешков Брест е одличен тим, ама ние веруваме во победа

Еурофарм Пелистер го очекува првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига против Мешков Брест.

Левото крило Бојан Маџовски очекува добар натпревар против белорускиот првак во „Боро Чурлевски“.

„Не го оспоруваме квалитетот на Мешков Брест, но ние се подготвуваме и веруваме во победа. Во целост сме задоволни од последните две недели, одигравме одлични натпревари. Иако последниот натпревар го загубивме, одигравме одлично. Полека почнуваме да се вклопуваме и амбиентот пред овој натпревар е одличен. Иако имавме краток период да се спремиме по турнирот во Струга, мислам дека ќе бидеме подготвени. Не би издвојувал никого од Мешков Брест. Скубе е одличен играч, но имаат и одлични десни крила, добро се покриени на голманската позиција. Се работи навистина за одличен тим“, изјави Маџовски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра утревечер во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.