Мартин Поповски ќе го пречека нов тренер во Амичитија

Поранешниот член на Вардар, потоа и на Пролет, Мартин Поповски сезонава игра во редовите на Амичитија Цирих, а додека е на Светското првенство во Египет, неговиот тим назначи нов тренер, па за неколку дена играчот ќе биде пречекан од нов стратег.

Во иднина предводник на екипата на Амичитија ќе биде стратегот од Чешка, Петр Граховец, кој доаѓа на оваа позиција на местото на Јакуб Шимански.

Договорот на Граховец со тимот од Цирих е со важност до крајот на оваа година, но постои опција истиот да биде продолжен на уште две години доколку постои задоволство од соработката до крајот на овој шампионат.

Граховец е искусен тренер кој има 48 години, а седум години работеше во Кадетен Шафхаузен каде што успеа да го донесе тимот до шампионската титула. Тој си замина од Кадетен на крахјот од минатата сезона откако договорот не му беше обновен.

„Среќен сум што се враќам на тренерската работа. Амичитија значи многу за ракометот во Швајцрија и јас сакам да помогнам тимот да дојде до уште подобри резултати. Ситуацијата е е тешко и јасно е дека мора сериозно да ја сфатиме нашата задача. Мисијата почнува веднаш“, изјави Граховец при неговата денешна промоција.

Наскоро и Мартин Поповски ќе има можност да се запознае со новиот тренер, а првиот натпревар ќе биде на 5 февруари и тоа против поранешниот клуб на Граховец, Кадетен Шафхаузен.