Марсениќ се сели во Норвешка

Црногорката коja e родена во Данска, Анастасија Марсениќ, во следните две сезони ќе настапува во норвешкиот шампионат со екипата на Молде.

Младата и перспективна ракометарка од Будуќност се реши за ваков чекор поради недоволната минутажа во црногорскиот шампион, а раководството на Молде ги препозна нејзините квалитети и ја донесе во своите редови.

Марсениќ е кадетска репрезентативка на Црна Гора и имаше успешни настапи во третата лига во Данска со нејзиниот поранешен клуб, Вирум.

18 годишната ракометарка оваа сезона во Лигата на шампионите одигра неколку натпревари  и стекна големо искуство за во иднина.