Марко Мишевски уште две години во Вардар!

Средниот бек Марко Мишевски потпиша нов договор со македонскиот шампион Вардар и во следните две сезони ќе ги брани боите на „црвено-црниот“ тим.

Мишевски во Вардар се врати пред две сезони од францускиот Гренобл, каде што го имаше првото интернационално искуство.

Тој потекнува од школата на Металург, потоа беше дел од Вардар 2 и Вардар Јуниор, пред да добие шанса и во првиот тим на „црвено-црните“.

Плејмејкерот добива се повеќе доверба од тренерот Давид Дејвис и се очекува да биде важна алка во играта на Вардар во следниот период.

Договорите на поголем дел од играчите на Вардар им истекуваат на крајот од оваа сезона, а по мечот во Битола би требало да бидат појасни многу работи околу останувањето или заминувањето на дел од нив.

Досега официјално потврдено засилување за Вардар е десниот бек од Хановер, Словенецот Нејц Цехте.