Марковски ќе ги прозива металурзи на 26 јули

Металург подготовките за новата сезона ќе ги започне на 26 јули, а првиот тренинг е закажан во Автокоманда, со почеток во 18 часот. Подготовките ќе се одвиваат во три фази.

Најпрво, од 26 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје, а во втората фаза, од 3 до 16 август, планирани се висински подготовки во Маврово,физичка и техничко-тактичка подготовка на екипата, како и учество на Металург на Струшкиот турнир.

Во третата фаза, од 17 август до 5 септември, се до првото квалификациско коло во Лигата на Европа, подготовките ќе продолжат во Скопје.

Подготвителниот период ке трае 42 дена, во кои е предвидено да се одработат 49 тренинзи на кои, пак, ќе се работи на комбинација на физичка подготовка, техничко-тактичка припрема и фитнес теретана, а предвидени се и седум подготвителни натпревари, вклучувајки ги тука и натпреварите на Струшкиот турнир.