Мараш: Не го покажавме нашето вистинско лице

Тимот на Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен од белорускиот првак Мешков Брест во првиот четвртфинален дуел од СЕХА лигата со 27-31.

Десниот бек Матео Мараш вели дека уште од стартот тој и неговите соиграчи не го покажале вистинското лице.

„Мешков Брест прикажа подобра игра. Од самиот почеток не го покажаваме нашето вистинско лице. Не реализиравме, не бевме трпеливи и не се движевме добро, а тие погодуваа. Потоа игравме добро, но ни фалеше енергија. Тоа повеќе ќе го подобриме на гостувањето“, вели Мараш.

Реваншот меѓу Мешков Брест и Еурофарм Пелистер се игра на 29 август со почеток во 15:00 часот.