Мараш: Нексе е незгоден ривал, но ние ќе оставиме срце на терен!

Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик во Лигата на Европа. Битолчани ќе му гостуваат на Нексе Нашице во првиот осминафинален натпревар.

Десниот бек Матео Мараш ги знае сите добри страни на хрватскиот вицепрвак и вети дека ќе остават срце на терен.

„Се спремавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Спремни ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме“, вели Мараш.

Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 18:45 часот.