Мандалиниќ во ТОП 10 стрелци во Лигата на Европа

Ракометарите на Магдебург оваа сезона беа победници во Лига на Европа и заслужено се радуваа на освоениот пехар. Со завршувањето на европското натпреварување, беше позната и конечната листа на стрелци.

Меѓу најдобрите стрелци место имаше и за ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ. Интернационалецот од Хрватска беше лидер во битолскиот тим и сезоната ја заврши со вкупно 62 голови кои беа постигнати на вкупно 11 натпревари во рамките од Лига на Европа.

Најмногу гола, Мандалиниќ постигна на натпреварите против Тримо Требње во Битола, вкупно 11, и против ГОГ Гудме во Данска, исто така 11. Хрватот со неговите гола ја заокружи топ десет листата на стрелци, односно заврши на 10. позиција.

Добра сезона имаше и поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац. Репрезентативецот на Хрватска во дресот на Нексе постигна вкупно 69 голови. Јагањац се најде на 5. позиција на листата на стрелци.

Ракометарот на ГОГ Гудме, Емил Јакобсен постигна најмногу гола оваа сезона, вкупно 96, но неговиот тим не беше дел од фајнл-фор турнирот во рамките од Лига на Европа.

ТОП 10 стрелци – Лига на Европа, сезона 2020 -2021

Емил Јакобсен (ГОГ Гудме) 96

Омар Магнусен (Магдебург) 94

Александар Котов (Чеховски Медведи) 72

Џери Толбринг (Рајн Некар) 71

Халил Јагањац (Нексе) 69

Гонзало Перез (Адемар Леон) 68

Золтан Сита (Висла Плоцк) 68

Сергеј Косоротов (Чеховски Медведи) 65

Михал Дашек (Висла Плоцк) 65

Хуго Дескат (Монпелје) 62

Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер ) 62