Манасков се врати на терен, Веспрем се врати на победите

Дејан Манасков кој паузираше заради повреда после неколку натпревари се врати во составот на Веспрем на гостувањето кај Дабас каде што славеа победа со 29:39.

На камбекот на терените Дејан Манасков постигна четири погодоци и беше трет стрелец во Веспрем. Најефикасен беше Мае со 10, а Јахија постигна седум гола.

Веспрем триесетина минути се мачеше со Дабас но во вториот дел работите си дојдоа на свое место. На полувреме домашниот тим водеше со 16:15.

Второто полувреме Веспрем одигра на повисоко ниво и сепак стигна до убедлив триумф. Со овој триумф Веспрем го обезбеди првото место во регуларниот дел од првенството пред ПИК Сегед.