Манасков најдобар стрелец, Веспрем го среди ПИК Сегед

Денес во Унгарија се одигра дерби натпреварот помеѓу Веспрем и ПИК Сегед во рамките од домашниот шампионат. Веспрем се израдува на победата со 27-23 и го запиша својот 18 триумф оваа сезона.

Некомплетниот тим од Сегед беше достоен противник во првиот дел од натпревар и пружи солиден отпор. Иако ракометарите на Веспрем на моменти имаа водство од три до четири разлика, сепак гостите намалија на минус еден и на пауза се замина со 11-10.

Во второто полувреме, Веспрем полека ја градеше предноста и не им дозволи на гостите да се надеваат на нешто повеќе од пристоен пораз.

Манасков, заедно со Ненадиќ, беа најдобри стрелци кај Веспрем со по пет постигнати голови, Нилсон даде четири гола, а голманот Коралес собра 20 одбрани. Кај ПИК Сегед се истакна Шоштариќ со седум погодоци.