Манасков и Веспрем со убедлив триумф пред првиот меч од ЛШ

Ракометарите на Веспрем имаа убедливо издание во второто коло од првенството на Унгарија и на домашен терен забележаа сигурна победа против екипата на Чурго со 34:21.

Избраниците на Момир Илиќ доминираа во поголемиот дел од натпреварот, а победата ја најавија уште на полувремето кога водеа 17:11. Чурго добро се држеше дваесетина минути до резултат 9:9 но потоа следуваше серија за убедливо водство на Веспрем по 30 минути игра.

Во продолжението Веспрем без многу проблеми ја зголемуваше предноста и стигна до двоцифрена победа. Во следното коло Веспрем ќе гостува кај Ференцварош но претходно им претстои натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Дејан Манасков беше дел од победничкиот тим и одигра едно полувреме во кое постигна два погодоци од три обиди. Сите играчи на Веспрем влегоа во игра и постигнаа барем еден погодок со исклучок на Сипос кој не се запиша во стелците. Најефикасни беа Маргуч и Легитвари со по пет гола. Неверојатен со 20 интервенции беше Коралес на голот на Веспрем.