Манасков: Имавме целосна контрола, 60 минути бевме во предност

Во финалето од СЕХА лигата, сепак, имаше еден ракометар од Македонија кој се радуваше, а тоа е интернационалецот Дејан Манасков. Тој беше дел од Веспрем, а на оваа средба имаше реализација од 100 проценти.

После натпреварот Манасков имаше причина да биде презадоволен бидејќи успеа да стигне до трофеј.

„Мораме да бидеме задоволни после еден ваков натпревар во кој освоивме титула. Одигравме добар натпревар во текот на сите 60 минути. Имавме целосна контрола на натпреварот. Разликата можеше да биде и поголема, но ние сме задоволни и вака. Сега ни преостанува да се вратиме дома и да продолжиме според планот и да се подготвуваме за Лигата на шампионите“, рече после натпреварот Дејан Манасков.

Тој играше во второто полувреме, а успеа четирипати да се запише во Листата на стрелците од толку шута.