Малага по вторпат во својата историја го освои „Купот на кралицата“

Ракометарките на Малага славеа за викендот во финалето на шпанскиот куп.

Малага во финалето се сретна со тимот на на Атлетико и во него стигна до победа од 33:26. За Малага ова е втор трофеј во историјата на клубот, за првпат претходно трофејот го освоија во сезоната 2019/2020.

Веќе следната недела Малага ќе има шанса за нов трофеј бидејќи во финалето од Купот на ЕХФ ќе се сретнат против уште еден шпански тим, тимот на Рокаса. Ќе потсетиме Малага е бранител на трофејот во ова натпреварување.