Македонци „главни“ на дуелот меѓу Загреб и Веспрем

Со завршувањето на натпреварите во европските купови, не завршувааат ангажманите на македонските судии и делегати.

Тие и во декември имаат делегирања на дуелите од регионалната СЕХА лига. Марјан Начевски беше делегат на средбата меѓу Нексе и Војдводина, а судиите Николовски и Металари,  како и делегатот Камер Металари беа во Москва на средбата меѓу Спартак и Мешков Брест.

Следната седмица ќе има работа за Марјан Начевски, кој ќе биде делегат во Скопје на дуелот меѓу Вардар и Татран, додека двојна програма ќе има за Начевски и Николов, како и за делегатот Ацо Николовски.

За крај останува средбата меѓу Загреб и Веспрем, а на дербито на 10. коло во СЕХА „главни“ ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Натпревари на македонските судии и делегати:

09/12, 20:15, Вардар – Татран Прешов, СЕХА лига (Марјан Начевски)
10/12, 19:00, Мотор – Војводина, СЕХА лига (Славе Николов и Ѓорѓи Начевски)
10/12, 19:00, Мотор Запорожје – Војводина, СЕХА лига (Ацо Николовски)
13/12, 19:00, Металопластика – Веспрем, СЕХА лига (Славе Николов и Ѓорѓи  Начевски)
13/12, 19:00, Металопластика – Веспрем, СЕХА лига (Ацо Николовски)
14/12, 20:45, Загреб – Веспрем, СЕХА лига (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)