Македонците со Ваљадолид обезбедија опстанок во Асобал лигата

Тимот на Ваљадолид каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, го потврди опстанокот во Асобал лигата.

Ваљадолид славеше против Синфин Сантандер со 30-25 и сега има 23 бода, па на две кола до крајот нема шанси да биде престигнат од екипите од долниот дел на табелата.

Тимот на екс стратегот на Вардар, Давид Писонеро, водеше од почеток до крај, имаше и моменти на криза, но беа брзо надминати.

Димитриевски играше во поголем дел од мечот и успеа да постигне три гола од четири обиди, додека Димитриоски беше стрелец на еден погодок од два обиди.

Некогашниот десен бек на Вардар, Жозе Толедо додаде уште три гола.