Македонците со Ваљадолид го срушија финалистот на Лигата на Европа!

Тимот на Ваљадолид, каде играат Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, победнички го заврши настапот за оваа сезона во Асобал лигата.

Ваљадолид на домашен терен го победи финалистот од Лигата на Европа, Гранољерс, со 24-23 во последното 26 коло.

Иако Гранољерс водеше со седум голови разлика, 15-8, во првото полувреме, сепак избраниците на Давид Писонеро се надминаа себе си и направија огромен пресврт.

Димитриевски и Димитриоски учествуваа со по два гола во големата победа, која на Ваљадолид не му донесе ништо плус освен престиж, додека Гранољерс падна на третото место и ќе треба да игра квалификации за Лигата на Европа.