Македонското трио ефикасно во Финска, Трпчевски го доби дуелот со Трајковски и Чурлевски

Тимот на БК-46 продолжи со победите во финскиот плеј-оф, откако на домашен терен славеше минимална победа над Сјундеа ИФ.

БК-46 победи со 32-31, на полувреме имаше водство од 16-14, но не беше баш лесна задачата за финскиот шампион.

Во гостинската екипа Македонците Филип Чурлевски и Игор Трајковски беа меѓу најистакнатите поединци со пет, односно четири погодоци.

Во тимот на БК-46, десниот бек Стефан Трпчевски имаше голема улога во триумфот со четири погодоци.

БК-46 заостанува четири бода зад Кокс на плеј-оф табелата, додека СИФ веќе го избори учеството во европските купови за следната сезона.