Македонското трио водеше до нова победа на ПАОК

Ракометарките од Македонија кои се дел од екипата на ПАОК продолжуваат со добрата форма и игри за тимот кој се бори за шампионската титула, а имаа голем придонес и во новата победа на гостувањето кај Пилајас од 37:13.

Марија Николиќ беше стрелец на пет, Андреа Белеска на два гола, додека Дајана Јовановска немаше погодоци. Сепак, таа својата задача редовно повеќе ја одработува во одбраната каде што е секогаш меѓу подобрите.

Со оваа победа тимот на Паок продолжи со одличните резултати и трката за трофејот, а останува еден од главните кандидати за првото место.