Македонскиот зет се врати дома

Некогашниот ракометар на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ, се чини се ближи кон крајот на богатата кариера.

Македонскиот зет, кој е оженет со поранешната голманка на Еуростандард и Кометал Ѓорче Петров – Семра Радончиќ, се врати во својата татковина и во тековната сезона ќе го носи дресот на Железничар од Ниш.

Десниот бек по одличните две сезони во Вардар, замина во Целје, па играше една сезона во Металург и во Копер, пред најдобрите денови од кариерата да ги има во швајцарскиот Кадетен. Беше дел од унгарскиот Балмазујварош, турската Анталија и последно во францускиот Истр.