Македонскиот двобој во Романија заврши реми

Во првото коло од романскиот шампионат во женска конкуренција, имаше македонски двобој меѓу Магура Чиснадие и Дунареа Браила.

Дуелот на екипите за кои настапуваат Елена Ѓорѓиевска, односно Јована Саздовска и Марија Штериова, заврши нерешено, 31-31.

Десниот бек Ѓорѓиевска даде еден гол за домаќинките, левиот бек Штериова беше стрелец на четири гола, додека левото крило Саздовска стрелаше два пати.

Домашниот тим имаше плус два на полувреме, 17-15, плус два во финишот 31-29, но ја испушти победата откако некогашната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ, израмни на 31-31.