Македонска репрезентативка ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа

Репрезентативката на Македонија, која е дел од тимот на Дунареа Браила, Јована Саздовска продолжува со натпреварите од Лигата на Европа и сега има обезбедено групна фаза.

После денешната победа на вториот дуел од 32:28 само беше потврден пласманот понатаму така што Виборг е составот кој отпаѓа.

Дунареа Браила доби можност плус бидејќи играше на домашен терен така што успеа и на двете средби да биде обезбедена победа.

Јована Саздовска на овој натпревар реализираше два гола. Таа ги постигна од пет упатени удари така што имаше солиден ден и учествуваше во овој голем триумф.