„Македонска битка“ за Ф4: Кој ќе игра во Келн – Лазаров или Манасков (ФОТО)

Денеска ќе бидат познати уште два патника на завршниот турнир во Келн, каде веќе место обезбедија ПСЖ и Алборг.

Барселона веројатно ќе биде третиот учесник на Ф4, бидејќи игра дома и има четири гола позитива од првиот меч против Мешков Брест, 33-29.

Најинтересно ќе биде на дуелот меѓу Веспрем, за кој во составот ќе биде Дејан Манасков и Нант, каде што игра селекторот и капитен Кире Лазаров.

Нант славеше на првиот меч со 32-28, и ќе ја брани предноста во „Веспрем Арена“ пред навивачите на домашниот тим. Натпреварот почнува од 18:45 часот.