Македонската двојка со последна задача на ЕОП во Шведска

Младата судиска двојка од Македонија, Дамјан Савиќ и Марко Огњановски добија делегирање и на последниот ден од Европското отворено првенство во Гетеборг.

ЕХф ги делегираше македонските судии на натпреварот за деветтото место на овој турнир меѓу Чешка и Фарски Острови.

Тие претходно судеа на четири натпревари од групната фаза, потоа на уште три од главната фаза, а со денешниот меч ќе бидат вкупно осум.

Савиќ и Огњановски се дел од проектот на ЕХФ „Млади судии“ и овој турнир е дел од патот кон ЕХФ значка.