Македонките го поделија пленот

Во женскиот шампионат на Швајцарија во 8 коло, изминатиот викенд имаше македонски двобој.

Се сретнаа тимовите на Ротвајс Тун, каде што игра Викторија Мурговска, и Винтертур, каде што игра Симона Гроздановска.

Натпреварот заврши нерешено, 22-22, а на полувремето Ротвајс Тун имаше минимална предност, 12-11.

Мурговска постигна три гола од четири обиди за Тун и беше втор стрелец, додека Гроздановска со пет погодоци од девет обиди беше најефикасна во составот на Винтертур.